Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаНБА спектакл во Африка, Новицки и Вокер ќе го предводат тимот на Светот

НБА спектакл во Африка, Новицки и Вокер ќе го предводат тимот на Светот

Националната Кошаркарска Асоцијација (НБА) денеска најави дека Дирк Новицки ќе биде капитенот на тимот на светот заедно со кошаркарот на Шарлот Хорнетс Кембл Вокер.

Новицки одигра 13 пати на Ол-Стар натпреварите, а минатата сезона стана првиот странски играч во НБА кој постигна 30.000 поени во кариерата.

Капитен на тимот на Африка ќе биде кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Луол Денг, кој е од Јужен Судан, како и членот на Атланта Табо Сефолоша, чиј татко е од Јужна Африка.

Натпреварот ќе се одигра во Јоханесбург на 5 август.