Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПравда за Мери – По две децении казна од 20 години за Хаџиски

Правда за Мери – По две децении казна од 20 години за Хаџиски

Миле Хаџиски како еден од најбараните криминалци од Македонија кој беше во бегство две децении конечно ќе се соочи со казната за убиството над Мери Јошевска извршено во 1993 година. Хаџиски е осуден на 20 години затвор за убиство на свиреп начин и од користољубие бидејќи во повторената судска постапка во негово присуство обвинителството докажа вина.

Тој влегол во станот на Мери каде започнале расправа откако и двајцата консумирале алкохол. Хаџиски во еден момент се налутил и ја удрил со стаклена пепељара по што ја избодел десетина пати со нож. Следниот ден се разбудил со крвави алишта и излегол во кафич каде полицијата го лоцирала и уапсила.

Во повтореното рочиште во 1994 тој бил ослободен бидејќи истекла мерката за притвор и побегнал од отслужување на затворска казна исто така од 20 години. Сега одбраната на Хаџиски која тврди дека при истрагата биле направени големи пропусти има право на жалба на повисока судска инстанца.