Friday, Jan 19, 2018
HomeДЕНЕШНАПолитикаИ Чочоровска излезе од затвор поради лекување

И Чочоровска излезе од затвор поради лекување

chochorovska

Станислава Чочоровска, по десет години зад решетки, излезе од затворот „Идризово“. Таа доби прекин на казната заради лекување. Оваа информација официјално за „Фокус“ ја потврди и директорот на затворот Керим Мамути.

Чочоровска во 2007 година, заедно со Алија Азировиќ, возачот на камион во кој се превезуваа канти со поликолор, полни со дрога, беа осудени за организирање на транспортот на 486 килограми кокаин, за што добија казна затвор од 14,6 години затвор.

Оваа казна подоцна беше потврдена и од Апелациониот суд.

Неодамна прекин на казната заради лекување доби и Велија Рамковски, сопственикот на А1 телевизија, како и Маријан Ефремов, поранешниот разузнавач, осуден во случајот „Шпион“.

Ваквиот прекин на казната е во рок од 30 дена, а потоа дали ќе се продолжи одлучува судот.