Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПожарот на велешката депонија конечно изгаснат

Пожарот на велешката депонија конечно изгаснат

Пожарот кој во вторникот ја зафати велешката депонија е конечно изгаснат, соопшти општинската противпожарна единица.

Повеќе механизирани екипи работеле на случајот со гаснење на пожарот преку затрупување со песок. Гаснењето се одвивало многу тешко поради големото количество на пластика, хартија, текстил и секаков друг смет, велат пожарникарите.

Според изјавите на лица од Општина Велес, пожарот најверојатно го предизвикале земјоделци во околината на депонијата кои ги палеле своите стрништа.