Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПовторно одложено рочиштето за Пуч

Повторно одложено рочиштето за Пуч

Судењето за Пуч повторно одложено. Следното рочиште е закажано за 5 октомври. Јавното обвинителство побара од судот да се укине привремената мерка Заев да се јавува во Судот во Струмица, а наместо тоа да му биде одземен пасошот. За привремената мерка треба да расправа Кривичниот Совет при Основниот Суд Скопје 1.

Освен Заев е четвртообвинет во случајот „Пуч“. Двајца од обвинетите, Бранко Палифров и Соња Верушевска, неодамна беа пуштени да се бранат од слобода. А првообвинетиот Зоран Верушевски и петообвинетиот Ѓорѓи Лазаревски се наоѓаат во притвор.

Во меѓувреме, Верушевски беше осуден на тригодишна казна затвор за службениот пиштол од МВР што го пронајде полицијата во неговиот дом. Тие се осомничени за неовластено прислушување, шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.