Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПоранешен разузнавач пронајден мртов близу Кичево

Поранешен разузнавач пронајден мртов близу Кичево

Поранешниот воен разузнавач Горан Софески утринава е пронајден мртов во шума на 5 километри од Кичево. На терен е јавен обвинител кој врши увид. По комплетирањето на увидот и официјално ќе биде познато што е причината за смртта на Софески.

Тој вчера околу 17 часот бил пријавен за исчезнат во полициската станица во Кичево, откако отишол на лов над село Раштани и не се вратил. Во моментов специјалците на МВР се спуштаат кон локацијата, а се чека да дојде јавен обвинител да даде дозвола да почне извлекувањето на телото.
sofeski44-годишниот Горан Софески беше поранешен шеф на военото разузнување, а потоа беше и обезбедување на актуелната министерка за труд и социјала, Фросина Ременски, за време на протестите пред Владата. Беше критички настроен кон власта, а ја откри и аферата за шверцот со армиско оружје. Пред две години бил прераспореден во касарната во Куманово, а имал и проблеми со срцето. Како што објави ПлусИнфо, подолг период бил во судир со екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.