Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТројца ранети во инцидент во Кичево, меѓу кои и носител на советничка листа

Тројца ранети во инцидент во Кичево, меѓу кои и носител на советничка листа

Во вооружен инцидент што вечерва се случил во Кичево ранети се три лица, меѓу кои и носителот на независна листа за советници во општината, Алит Абази, пренесува „Телма“.

Напаѓачот, кратко по инцидентот бил приведен од полицијата, а како што потврдиле од МВР за телевизијата, било обезбедно и оружјето од кое било стрелано.

Четириесетгодишниот Абази бил застрелан во слабината, додека Дестан Абдиу, кој учествувал во неговата кампања како шеф на изборниот штаб, и Шабан Далипи, кој било заедно со нив, се ранети во бутот, односно во потколеницата. Абази и Абдиу биле пренесни на скопските клиники, а Далипи бил префрлен во кичевската болница.

Инцидентот се случил на булеварот Ослободување во Кичево, околу 18.50 часот. Полициски екипи вршат увид на местото и ги истражуваат мотивите за нападот.

Според првичните информации, се претпоставува дека нападот врз кандидатот за советник и врз другите две лица не е со политичка заднина, туку дека Абази и напаѓачот имале недоразбирања од претходно и воделе судска постапка.

Во меѓувреме, полицијата уапси три лица поврзани со нападот.