Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПолјаците излегоа на антивладини протести

Полјаците излегоа на антивладини протести

Илјадници луѓе излегоа на улиците на полскиот главен град Варшава во знак на протест против владините политики и за одбележување на 27 годишнината од падот на комунизмот во земјата. Опозицијата соопшти дека околу 50 илјади луѓе земале учество во протестите, додека полицијата процени дека имало 10 илјади. Поранешните претседатели Александар Квасниевски и Бронислав Коморовски беа меѓу демонстрантите.