Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниПочина светската боксерска легенда Мухамед Али

Почина светската боксерска легенда Мухамед Али

Мухамед Али, денес во раните утрински часови, починал во 74-тата година од животот. Али бил еден од најголемите спортисти во историјата, боксерска легенда каква што повеќе нема да се појави.

Toj бил префрлен во болница во Феникс на почетокот на седмицата поради респираторни проблеми, пренела агенцијата AP. Погребот ќе се одржи во неговиот роден град Лиувил, а властите во тој град планираат да направат меморијална служба.

Али во кариерата имал 71 професионален натпревар. Победил на 56, од кои на 37 со нокаут.