Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈЛегендата Златко Калински се прости од гледачите, петиција да го води и финалето во Кардиф

Легендата Златко Калински се прости од гледачите, петиција да го води и финалето во Кардиф

Спортскиот коментатор Златко Калински по 42 години на професионална кариера помината во Македонската радио телевизија им кажа збогум на гледачите. Својот последен пренос го одработи на полуфиналниот реванш натпревар меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид на Винсенте Калдерон во Лигата на шапмионите со зборовите „сите овие години вие ме водевте драги гледачи, а јас се трудев да допрам до вашето срце“.

Неговите прекрасни коментари, богатата фантазија која ја надополнуваше спортската магија и искреното воодушевување од настаните на теренот навистина ќе недостасуваат. Затоа веќе е поведена петиција легендата да го води и финалето од Лигата на шампионите во Кардиф и на достоен начин да се прости од малите екрани пред за замине во пензија, иако ние веруваме дека коментаторите немаат век на траење.