Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПочнуваат собраниските игри за решавање на кризата

Почнуваат собраниските игри за решавање на кризата

Опозицискиот лидер и лидерот на ДУИ, Заев и Ахмети се повеќе од очигледно е дека ќе го свикаат Собранието, односно ќе побараат од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да го свика продолжението на седницата за конституирање на парламентот.

Ваквите информации во медиумите кои се повикуваат на партиски извори зачестија, а ништо чудно СДСМ и ДУИ да преминат на планот Б, кој Заев го најави доколку претседателот Иванов не се премисли во однос на мандатот.

Свикувањето на Собранието од страна на парламентарното мнозинство се очекува најдоцна до петок.

Шефот на државата во последната изјава рече дека пречките за доделување на мандат не се отстранети.

Од владеачката гарнитура пак не престануваат да го повикуваат опозицискиот лидер да се откаже од платформата а за возврат му нудат поддршка за малцинска влада.

Наспроти тоа, од СДСМ му вратија на ВМРО ДПМНЕ со пораки да ја прифатат новата владина програма и да се помират со фактот дека се опозиција.

Партиите од албанскиот блок пак во неколку наврати посочија дека не се откажуваат од платформата, и според нив истата не е опасна за унитарноста и суверенитетот на државата.

Извор: faktor.mk