Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнПочнува петтиот Skopje Design Week со успешни македонски брендови

Почнува петтиот Skopje Design Week со успешни македонски брендови

Фокусот на домашната дизајн сцена, како и на сите заинтересирани за македонската продукција ќе биде ставен на петтото издание на Неделата на дизајн во Скопје кое започнува во четврток 26 ноември. Еден од главните новитети оваа година е преселувањето на манифестацијата во Јавна соба како една природна прогресија, во простор кој е идеален за изразување на креативноста, за работа на нови проекти и прототипи, како и за поврзување на македонските дизајнерски брендови со бизнис секторот.

12231644_10206232359782753_273166890_n

Како и во изминатите години, така и петто издание на Skopje Design Week е подржано од Министерството за култура, вклучувајќи го и развојот на проектот Јавна соба кој ќе им биде од голема корист на македонските дизајнери како и за младите кадри кои излегуваат од обрзовните институции.

javna soba press11

„Не радува фактот што Неделата на дизајнот и Јавна соба даваат одлични можности за развој на македонскито дизајн кој покажува многу модерни тенденции“ изјави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Александар Велиновски порача дека за создавање на македонски брендови потребна е голема работа и посветеност и давање на соодветен простор, но исто така важна е и домашната подршка од купувачите кои треба повеќе да ги ценат македонските производи.

12242148_10206232359862755_227797591_n

Неделата на дизајнот во Скопје во наредните денови ќе понуди многу содржни како големата изложба на млади балкански дизајнери, потоа ќе се одржат многу работилници и предавања каде може да се разменат искуства и знаења, а ќе има и богата музичка програма. Сцената е активно градена 5 години и од тие причини оваа година ќе бидат претставени преку 30 македонски брендови, што е најголем успех досега.

Автор

Христијан Станоевиќ