Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПочна гаснењето на струшката дива депонија

Почна гаснењето на струшката дива депонија

Утринава почна гасењето на пожарот на дивата депонија во Струга која гори веќе неколку дена, пишува „Нова ТВ

Од вчера доцна навечер целата механизација во Струшкиот регион е на терен за да се изгаси пожарот кој го загадува воздухот. Стружани протестираат веќе неколку дена и бараат од надлежните да го изгаснат пожарот.

Механизацијата утринава го расчистува патот до пожарот, па ќе го гасне а потоа депонијата треба да биде затрупана со земја и песок.

Жителите на Струга веќе со години бараат решение за проблемот со дивата депонија, но револтот стана посилен откако истата беше опожарена и оставена да гори со денови. Депонијата се наоѓа на само 500 метри од градот.

Граѓаните бараат дислоцирање на депонијата. Од надлежните служби ветуваат дека денес ќе се обидат да го сопрат пожарот, а потоа ќе се бара соодветно решение за проблемот.