Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина тракторист во сообраќајна несреќа во Виница

Почина тракторист во сообраќајна несреќа во Виница

Вчера во 09.40 часот на локалниот пат с.Липец до крстосницата со Р-1304 во Виница се случила сообраќајна незгода во која М.П. (51) од с.Липец, управувајќи трактор „ИМТ 533“ со кочански регистарски ознаки, излетал од патот.

Во незгодата возачот М.П од здобиените повреди починал на местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од ПС Виница.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на семејството за погреб.