Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПочина поп музичарот Принс

Почина поп музичарот Принс

Познатиот музичар и поп икона Принс почина денеска на својот имот во Минесота. Принс почина во 57та година од животот, а пред шест дена беше итно хоспитализиран по настапот во Атланта, кога неговиот авион принудно слета. Тогаш музичарот беше итно пренесен во болница во Илиноис, каде беше задржан неколку дена.

Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот долгогодишен публицист. Извори за ТМЗ соопштија дека неговото тело било пронајдено во неговото Пејсли парк студио. Принс се прослави во 80-те години од минатиот век, со албумите 1999, „Purple Rain“ и „Sign O the Times“. а во текот на криерата продаде повеќе од 100 милиони албуми.