Tuesday, Mar 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамМото шампионот Хејден им подлегна на повредите

Мото шампионот Хејден им подлегна на повредите

Поранешниот шампион во мотоциклизам Ники Хејден, им подлегна на повредите по минатонеделната сообраќајна несреќа. Американецот од минатата среда беше хоспитализран со тешки повреди на главата во болницата во Чезена, откако во Римини возејќи велосипед во него удри автомобил.

Врз Хејден беа извршени неколку интервенции, но и покрај напорите на докторите тој им подлегна на повредите.

– Медицинскиот тим ја потврди смртта на пациентот Николас Патрик Хејден, кој беше примен на интензивна нега на 17 мај со сериозни повреди на главата, пишува во соопштението на болницата од Чезена.

Хејден кој во периодот од 2003 до 2016 година настапуваше во Светскиот шампионат во мотоциклизам за тимовите на Хонда и Дукати со кои настапи на 218 трки, забележа три победи, а 28 пати избори место на подиумот.

Токму Американецот беше човекот кој ја прекина доминацијата од пет титули во низа на Валентино Роси, кога во 2006 година во „кралската класа“ во Мото ГП ја освои титулата.