Tuesday, Mar 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина Мајкл Паркс, еден од најенергичните холивудски актери

Почина Мајкл Паркс, еден од најенергичните холивудски актери

Актерот Мајкл Паркс почина на 77 годишна возраст. Тој во Холивуд важеше еден од актерите со голема енергија и затоа често се појавуваше во маркантни и невообичаени улоги. Најголема популарност стекна во ,  култната серија „Твин Пикс“ и во легендарниот филм на Квентин Тарантино „Убиј го Бил“.

Веста за неговата смрт ја објави режисерот и негов пријател Кевин Смит, а ја потврди агентот на актерот.

Паркс во првиот и во вториот дел од „Убиј го Бил“ го глумеше ликот Естебан Вихајо, а во филмот од „Самрак до зори“ на Родригез го глумеше ликот на тексашкиот ренџер Ерл Мекгро.

Во последните години воодушевуваше со улоги во филмовите на Кевин Смит како „Црвена држава“.