Tuesday, Mar 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмОмилениот Бонд замина, светот се збогува со Роџер Мур

Омилениот Бонд замина, светот се збогува со Роџер Мур

Популарниот британски глумец Роџер Мур, кој е најпознат по улогата на Џејмс Бонд, почина денеска на 89-годишна возраст, соопштуваат од неговото семејство.

Мур го глумеше популарниот шпиун 007 во седум филмови кои имаа комична нота и токму затоа голем број на фанови ја сакаа работата на британскиот актер.

Од неговото семејство преку Твитер соопштија дека глумецот починал по „кратка, но храбра борба со рак“.

Роџер Мур починал во Швајцарија, а семејството ќе организира приватен погреб во Монако, бидејќи таква била неговата желба.