Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина петгодишно девојче кое паднало од 5-ти кат од зграда

Почина петгодишно девојче кое паднало од 5-ти кат од зграда

Вчеравечер почина девојче на возраст од пет години при пад тераса од повеќекатница во Струга.

Првичните информации велат дека несреќата се случила во околу 19 часот, кога девочјето со иницијали Р.Ж. паднало од петтиот кат во зградата каде што живеело со семејството на улицата „Ристо Крле“. Иако медицинската екипа интервенирала веднаш, било прекасно по што констатирала смрт.

Полицијата го разрешува случајот и ги бара причините за несреќата кои засега се непознати.