Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУкрадени илјада денари од црква во Струга

Украдени илјада денари од црква во Струга

Викендов, поточно периодот од сабота 13 часот до недела 08 часот, во Струга, на улица Маршал Тито била ограбена црквата Св. Жени Мироносци. Тогаш, непознат сторител одзел илјада денари, информираше Министерството за внатрешни работи.

– Имено, сторител со употреба на хебла ја оштетил и насилно ја отворил металната решетка на прозорот, влегол во внатрешноста на црквата, каде извршил пребарување, и од дрвена отворена каса поставена на вратата ги одзел парите и се оддалечил во непознат правец. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот – велат од МВР.