Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАДосие XОткриена пирамида на Марс

Откриена пирамида на Марс

Ловците на вонземјани кои го следат секој пиксел на сликите кои ги објавуваат НАСА и останатите вселенски агенции тврдат дека откриле мистериозен објект на Марс во облик на пирамида. Нивниот доказ е сликата направена од возилото Curiosity, а се повеќе сомнежи добиле кога НАСА одбила да го слика објектот одблиску.

pyramid nasa1

Теоретичарите на заговори се убедени дека пирамидата на Марс е многу слична како тие во Египет, има совршена геометриска форма и е доказ дека некогаш на планетата постоела напредна цивилизација. Сепак, постои и можност за дело на природата бидејќи многу карпи и на Земјата имаат слични форми под влијание на атмосферските услови.

Што мислите вие, дали е ова доволен доказ дека „Црвената“ планета крие многу мистерии кои НАСА не сака да ги сподели со јавноста.