Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосНАСА со ново откритие: На една од месечините на Сатурн има услови за живот

НАСА со ново откритие: На една од месечините на Сатурн има услови за живот

Можеби има вонземски живот во нашиот Сончев систем, објави НАСА. Сите потребни нешта за живот биле пронајдени на една од месечините што орбитираат околу Сатурн. Енцеладус има хемикалии кои, кога се на Земјата имаат тенденција да укажуваат на живот, што значи дека може да има живи суштества под ледената обвивка.

Научниците долго време сметаа дека Енцеладус е еден од главните кандидати за живот во нашиот сончев систем, или на некое друго место во близина, главно бидејќи тоа е планетарно тело со океан кој ја опфаќа целата површина. Но, новото истражување дава најдобар увид досега на таа месечина, што покажува дека има хемиски извор на енергија способен за поддршка на живот.

Новите откритија дојдоа од вселенското летало Касини, кое летало над огромни млазеви вода што извирале од површината на Енцеладус. Како што летало над нив, леталото ги сканираше водите и ги испрати назад до Земјата за натамошно истражување. Студијата пронајде докази за молекуларен водород во овие млазеви на пареа и честички, кои доаѓаат од самата месечина.
enceladus saturn mesecina 1