Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПијан тетовец кршел по поразот на Албанија од Србија

Пијан тетовец кршел по поразот на Албанија од Србија

Пијан дваесетгодишник кршел во центарот на Тетово. По квалификацискиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Србија и Албанија којшто се следеше во живо на виодеобим на плоштадите во Тетово и Гостивар, пијано момче почнало да крши и се здобило со повреди.

Според информациите од СВР Тетово, околу 22.45 часот по завршувањето на натпреварот, пијан жител на тетовското село Теарце на булеварот „Илинденска“ во Тетово, со рака скршил светлечки реклами на две банки. Дваесетгодишното момче се здобило со исеченици на рацете коишто му биле санирани во тетовската болница. Издадени му се два платни налози коишто треба да ги плати поради нарушувањето на јавниот ред и мир.