Откажана прославата на Денот на АРМ поради поплавите
Прославата за Денот на АРМ кој е на 18 август е откажана поради целата ситуација со поплавите кои го зафатија скопскиот регион.
Оваа информација за Утрински весник ја потврди министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој рече дека сега не е време за славење.
„Поканите за прославата беа испратени еден месец однапред и во време кога не можеше ниту да се претпостави дека ќе може да се случи несреќа од такви размери. Верувајте, јас слетав од Америка истата вечер кога беше непогодата во 20 часот, а веќе во 21 часот имавме вонредна седница на Влада. Цело време сум ангажиран околу поплавите и навистина не ни е дојдено до прослави“, изјави Јолевски за „Утрински весник“.