Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПлатите во АРМ ќе се зголемат за 10 отсто од јануари 2018 година

Платите во АРМ ќе се зголемат за 10 отсто од јануари 2018 година

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која заедно со министерот за финасии, Драган Тевдовски, ја посети касарната во Штип, информираше дека сите припадници на Армијата на Република Македонија од јануари 2018 година ќе добијат зголемување на платите за 10 проценти.

Таа посочи дека изминатите години не се инвестирало доволно во условите за работа во Армијата и дека со право припадниците на Армијата критикувале дека биле заборавени и занемарени.

„Членството во НАТО значи вистинска стратегија, добри политики и нова опрема, но значи и мотивиран кадар. Ова е еден од начините како Македонија ќе покаже дека е многу сериозна во своите напори“, рече Шекеринска.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, посочи дека членството во НАТО е важно и за економијата, бидејќи значи безбедност, а со тоа и повеќе инвестиции.

– Во сите земји во регионот веќе е јасно дека влезот во НАТО значеше раздвижување на економијата и повеќе можности, што е особено важно за Македонија. Исто така, порастот на платите во АРМ е дел од нашата борба за зголемување на општото ниво на плати – рече Тевдовски.

POST TAGS: