Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонски тенкисти ќе се обучуваат во Бугарија следната година

Македонски тенкисти ќе се обучуваат во Бугарија следната година

Министрите за одбрана на Македонија и на Бугарија, Радмила Шекеринска и Красимир Каракачанов, вчера, во рамките на заедничката седница на двете влади, во Струмица потпишаа аранжман за соработка за обука на војници и на подофицери – возачи и механичари на тенк Т-72, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Според аранжманот, 10 припадници на Армијата на Република Македонија следната година ќе бидат обучени за возачи и за механичари на тенкот Т-72 во тренинг-центарот за специјалисти во Сливен, Бугарија.

„Потпишувањето на аранжманот, како и двата договори за соработка во областа на военото воздухопловство и на лабораториските анализи на специјални горива, потпишани за време на неодамнешната официјална посета на министерката Шекеринска на Бугарија, се пример за новата енергија во соработката помеѓу двете земји, која е во духот на европските и на евроатлантските вредности“, стои во соопштението на Министерството за одбрана.