Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИзгореа три приколки на Езеро Треска

Изгореа три приколки на Езеро Треска

Три приколки се опожарени вчера во близина на рекреативниот центар Езеро Треска, соопшти МВР.

Две од приколките се сопственост на А.Г. (61), додека за третата повеќе години не може да се утврди сопственикот.

Пожарот избувнал околу 21:25 часот и за 15 минути бил целосно изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

Увид ќе се врши денеска.