Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРОпера, пијано и театарска претстава вечерва на ,,Охридско лето"

Опера, пијано и театарска претстава вечерва на ,,Охридско лето"

Програмата на 55 ,,Охридско лето” за вечерва предвидува  македонска оперска и театарска уметност.

За љубителите на театарот во дворот на ОУ ,,Климент Охридски” ќе биде изведена претставата „Со љубовта шегување нема“ од Алфред де Мисе, во режија на Софија Ристевска ( Интимен театар од Битола.)

За љубителите за високо-софистицирана музучка уметност во црквата „Света Софија“ концерт ќе имаат македонскиот сопран Весна Гиновска – Илкова и пијанистката Кристина Светиева.

Професионалните биографии на вечерашните учесници на ,,Охридско лето” зборуваат дека ќе се случи вечер за паметење.

Весна Гиновска-Илкова е една од најатрактивните и најпознатите македонски оперски солистки. Домашната сцена ја освоила во 1996 година кога дебитира на сцената на Македонската опера и балет, заедно со рускиот тенор Сергеј Дубровин. Има настапувани во престижни  оперски сали на светско ниво. Добитник е на бројни награди и признанија.

KRISTINA SVETIEVA

Кристина Светиева е една од најталентираните млади пијанистки во Македонија. За време на студирањето разви широка концертна дејност. Успешно настапува во земјава, но и надвор од неа, на повеќе национални и интернационални фестивали. Добитник ена повеќе државни и меѓународни нагади и признанија.

Sofija Ristevska

Софија Ристевска досега режирала над 30 претстави во државни и независни театарски куќи во Македонија, Бугарија и Србија. Во 2010 година го оформи „Интимен театар“ во кој продуцирала и режирала шест претстави од современи драмски автори