Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласОпасноста од Зика не е завршена, вирусот откриен и кај обичните комарци

Опасноста од Зика не е завршена, вирусот откриен и кај обичните комарци

Научниците во Бразил дошле до загрижувачко откритие што би можело да доведе до уште побрзо ширење на епидемијата на опасниот Зика вирус.

За прв пат досега вирусот Зика е откриен и кај обичните комарци. Си Ен Ен пишува дека иако ова откритие е алармантно, научниците предупредуваат дека тоа немора да значи дека епидемијата ќе напредува. За сега, се чини дека обичните комарци може да бидат заразени со вирусот, но дека неможе да го пренесат на други живи видови. Епидемијата на Зика вирусот почна уште минатата година, а најтешко е погодена Јужна Америка.