Sunday, Jul 15, 2018
HomeАЈНШТАЈНИЈААтомВирусот од кој се плашеше цел свет денес е биолошко оружје број еден

Вирусот од кој се плашеше цел свет денес е биолошко оружје број еден

variola vera

Иако со години се смета за искоренета болест, вакцината против вариола вера се уште се произведува во светот. Само ако се спомне вариола вера на луѓето им се замрзнува крвта во вените, па и не е чудно што по 45 години, откако последен пат се јави оваа епидемија, се уште е број еден на листата на биолошките оружја.

Луѓето веќе долго не се вакцинираат против големи сипаници, а колку болеста е помалку присутна, толку популацијата е помалку имуна, објаснуваат експертите. Поради тоа вариолата се смета за најопасно биолошко оружје. На второ место е еболата, а на трето колерата.

Некои земји ги обновуваат своите количини на вакцини, додека Светската здравствена организација работи на претпазливост и располага со 60 милиони дози вакцини.

Денес официјално име нема, но живи слоеви можат да се најдат во две лаборатории. Првата е во Америка во Центарот за контрола и превенција на болести во Атланта, а втората е во Руската Федерација, на Истражувачкиот Институт по вирусологија и биотехнологија „Вектор” во Кољоцов во областа Новосибирск.

Поранешна Југославија е запамтена како земја во која се јави последната епидемија на вариола вера во светот. Од неа, пред точно 45 години, во Србија официјално се разболеле 175, а умреле 40 луѓе. Знакот за аларм на 14 март во 1972 година стигнал од Косово. Епидемијата почнала во селото Дањане кај Ѓаковица и се проширила преку Нови Пазар на Чачак и Белград. Официјалната верзија дека болеста во земјата ја внел Ибрахим Хоти по враќањето од аџилак, всушност никогаш не била потврдена. Хоти преживеал, а прва жртва бил Латиф Мумџиќ од село крај Тутин, кој умрел на 10 март без вистинска дијагноза. Дури подоцна било утврдено дека умрел од вариола.

За тие денови сведочи примариус др. Радмило Петровиќ сега во пензија, но во тоа време епидемиолог во Институтот „Торлак”.

– До 27 март се беше држено во тајност. Луѓето не знаеја што се случува. Откако на Торлак под електронски микроскоп откривме дека се работи за вирусот вариола вера, моја задача беше да ги вакцинирам сите луѓе кои во иднина ќе работат со големи сипаници. Тоа беше на 14 март 1972 година. Имав мала количина, но благодарение на познанства издејствував околу 300 дози вакцини од Имунолошкиот завод во Хрватска, кој во тоа време произведуваше вакцина против вариола вера – објасни Петровиќ.

– Епидемијата траеше до 30 април, кога со декрет беше прогласено одјавување за да се спаси туристичката сезона на Хрватското приморје. Помали бранови на заболувања имаше се до средината на мај. Поради таа политичка игра, подоцнежното пријавување и пребрзото одјавување на епидемијата, се сомнева дека заболени имало повеќе од што беа официјално заведени – вели др. Петровиќ.

Во текот на епидемијата умреа 40 луѓе. Најтешко беше на Косово. Од вкупниот број настрадани девет беа бебиња. Само по еден ден откако умре медицинската сестра Душица Спасиќ, во Чачак од големи сипаници умре нејзината врсничка Милка Ѓурашиќ, исто така медицинска сестра која ја негуваше Латифа Мумџиќ, но во Чачак. Душица и Милка беа жртви на вариола меѓу здравствените работници, од вкупно шест, колку што се разболеа. Во филмот на Горан Марковиќ, Душица Спасиќ беше инспирација за ликот кој го толкуваше Владица Милосављевиќ.