Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОколу 220 вработени во фабриката „Леар“ во ТИРЗ Тетово биле затруени од храна

Околу 220 вработени во фабриката „Леар“ во ТИРЗ Тетово биле затруени од храна

Околу 220 вработени во фабриката „Леар“, која се наоѓа во технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, ноќеска биле затруени, најверојатно со храна, информираат извори на „Мета“ од Клиничкиот центар во Тетово.

Според првичните информации, тие вечерале околу еден часот по полноќ и неколку часа по вечерата, почувствувале стомачни тегоби, по што добиле дијареа.

Околу четири часот по полноќ, вработените со возила на итна медицинска помош биле пренесени во тетовската Клиничка болница, а дел од нив биле препратени во гостиварската болница.

Во Клиничкиот центар во Тетово, од околу 200 луѓе кои се примени утринава, само двајца се задржани на лекување, а другите се пуштени дома. Во болницата во Гостивар, од 30 примени пациенти, седуммина се задржани на лекување.