Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОдлучено! Матиќ го напушта Челзи

Одлучено! Матиќ го напушта Челзи

Работата е речиси сигурно готова, Конте се согласи, Немања Матиќ ќе си замине ова лето од екипата на Челзи!

Според “Тајмс”, Србинот треба да замине во Манчестер Јунајтед или Јувентус, Конте се согласи да го продаде. “Сините” ќе ја забрзаат целата приказна за да можат што порано да го донесат французинот Бакајоко од Монако и така да го комплетираат средниот ред,

Матиќ наводно ќе биде продаден за да може Конте да го задржи Цеск Фабрегас кој не беше задоволен од минутажата која му ја даваше Конте во изминатата сезона. Па така со одењето на Матиќ, Конте ќе го убеди поранешниот капитен на Арсенал дека во наредната сезона ќе смета повеќе на неговите услуги,

За сега, Србинот е се поблиску до Олд Трафорд каде Мурињо има голема желба да го види во своите редови и да направи еден одличен среден ред со Матиќ, Погба и Ерера. Во целата оваа прикажна може да се приклучи и Јувентус само доколку сака Алекс Сандро да си замине бидејќи и главна мета на Конте, па да го искористат во некаков трансфер.

Цената за Немања Матиќ се движи некаде околу 40 милиони евра.