Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЧелзи прави “дрим тим“ со потрошени рекордни 300 милиони фунти!?

Челзи прави “дрим тим“ со потрошени рекордни 300 милиони фунти!?

Челзи оваа недела треба да ги реши најглавните прашања околу трансферите кои се однесуваат на овој преоден период.

Засилувањата по вкусот на Контре треба да пристигнат оваа недела, а самите трансфери покажуваат дека Роман Абрамович е решен да направи “дрим тим“.

Се чини дека трансферот на Алекс Сандро е готов, утринава медиумите во Англија пишува дека клубовите се договориле, бразилецот ќе бидат исплатен 70 милиони евра, што е нов светски рекорд за еден одбрамбен фудбалер.

Работата е завршена и со Бакајоко од Монако, вкупната сума за неговиот трансфер е 40 милиони фунти, младиот играч ќе добие договор за четири години, а неговото доаѓање сигурно значи заминување на Немања Матиќ кој е се поблиску до Манчестер Јунајтед.

Пристигнува и резервниот голман Вили Кабаљеро, како слободен играч, тој ќе биде замена во клуб за Беговиќ и алтернатива за Куртоа.

Следни на списокот желби на Конте се напаѓачот на Евертон Лукаку и одбрамбениот играч на Саутемптон Вергил Ван Дајк, трансферот на овие двајца може да чини околу 170 милиони евра, па така вкупната сума за трансфери што би ја потрошил Роман Абрамович може да стаса и до 300 милиони фунти.

Челзи ќе го продаде Нејтан Аке во Борнмаут, Зума најверојатно ќе го напушти тимот ако пристигне Ван Дајк, додека Матиќ и Коста сигурно заминуваат за голема сума на пари со што заедно со продажбата на Оскар од јануари би се вратиле пола од сумата за трансфери.