Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдложено судењето за „Сопот“ – судијката заминала на сужбен пат

Одложено судењето за „Сопот“ – судијката заминала на сужбен пат

Поради службено патување на судијата што суди, рочиштето за предметот „Сопот“, во кој 10 лица се обвинети за тероризам, е одложено, пренесув „Точка“. повикувајќи се на „Макфакс“.

На судењето беа присутни петмина од обвинетите, а ова беше прво закажано рочиште откако специјалното јавно обвинителство го презеде предметот.

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи изјави дека очекува судскиот процес за овој предмет откако СЈО ја презеде надлежноста, да започне што побргу бидејќи, како што рече, предметот неколку години се одложува.

Таа не сакаше да открие со кои аргументи ќе настапи СЈО во постапката. Следното рочиште е закажано за 9 октомври.

Во еден од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, има разговор меѓу поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и тогашниот директор на тајната полиција, Сашо Мијалков, за случајот „Сопот“. Според снимката, Јанкулоска му сугерира на Мијалков дека за случајот треба да биде консултиран и тогашниот премиер Никола Груевски за да се види како да се продолжи со овој чувствителен случај, при што и двајцата признаваат дека претходната пресуда со која беа осудени обвинетите се потпира на тенки докази.

Десет жители на кумановското село Сопот се осудени дека во 2003 година поставиле мина која експлодирала, при што загинаа двајца НАТО-војници од полскиот контингент и еден македонски цивил. Инаку, судијата Горан Бошевски од одделението за организиран криминал, кај кого се обвиненијата за случаите „Трезор “ и „ Тенк“, од минатата година е назначен за нов судија во случајот „Сопот“.