Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдиме на избори – договор има

Одиме на избори – договор има

Постигнат договор. Преговарачките тимови се договорија Законот за внатрешни работи што го донесе Владата неодамна да биде суспендиран до 1 јануари 2017 година, а новиот министер да има можност да смени 15 раководни лица.

„Имаме добри вести, постигнат е договор. Партиите се согласија една година по договорот од Пржино да продолжи неговата имплементација. Преговарачките тимови се договорија Законот за внатрешни работи што го донесе Владата неодамна да биде суспендиран до 1 јануари 2017 година, а новиот министер да има можност да смени 15 раководни лица“, со овие зборови американскиот амбасадор Џес Бејли денеска соопшти дека е постигнат договор меѓу четирите партии кои со денови, односно месеци наназад се обидуваа да изнајдат договор за излез од кризата.

Изборниот датум се уште не е прецизиран, но според Бејли партиите ги усогласиле ставовите за прочистувањето на избирачкиот список, за балансирано известување на медиумите, за формирање преодна влада 100 дена пред изборите. Лидерската четворка на 31 август ќе треба да оствари средба за да се оцени имплементацијата на договореното и да се определи конкретен датум за избори.

„Партиите се обврзаа дека ќе бидат посветени на спроведување на европските реформи и дека ќе го почитуваат Законот за Специјалното јавно обвинителство“, потенцира Бејли.

извор: Утрински весник