Friday, Apr 26, 2024
HomeГОВОРНИЦАКолумнаПозитивно новороденче – Од нас зависи

Позитивно новороденче – Од нас зависи

Позитив за мене значи полна батерија, позитив значи висока летна температура, позитив значи високо банковно салдо, позитив значи светлина од сонце, ама најважен позитив во овој момент ми е што се појави позитивен сајт. Поради првата новородена колумна на овој сајт би сакал да му посакам многу позитивна содржина и среќна публика.

ace 2Би сакал да се осврнам на тоа што значи да се биде позитивен. Да се биде позитивен не значи насмевка на лице по секоја цена, туку она да зрачиш од внатрешна енергија и да живееш среќен живот. За жал, искрена насмевка и среќни луѓе ретко може да се најдат, ама ги има. Затоа кога се појави сајтов, некако почнав да се надевам дека сепак има луѓе што ќе произведуваат еколошки текстови без „фабричко загадување“ на интернет околината и тим од луѓе што ќе шират свеж мирис во нашето место на живеење.
Ги познавам, колеги ми се, срдечно ви ги препорачувам. Искрено се надевам дека pozitiv.mk ќе го живее својот концепт и првичната идеја поради која се формирал, а ние ќе можеме конечно да се успокоиме уживајќи на зелената површина постелена од нив.

Сакам оваа колумна да ми биде реалистично-целосно-позитивна. Да, условите за живеење се значително тешки во последно време, но се уште сум идеалист дека од нас зависи околината во која живееме, од мене, тебе, него, таа, тие, буквално сите. Да не се пребројуваме еден по еден, насмевни се, биди позитивен и зрачи живот. Не гледај да ти е полна (читај:позитивна) батеријата, гледај да ти биде позитивен животот и направи се себе и среќен некој до тебе.

Автор
Александар Младеновски

П.С. Му благодариме на Александар за оваа прва колумна, наш колега исто така новинар со позитивни мисли и голема енергија, продолжи да бидеш позитивен и успешен.