Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОбилните врнежи прераснаа во невреме – силно погодени Дојран и Берово

Обилните врнежи прераснаа во невреме – силно погодени Дојран и Берово

Вчеравечер во источниот дел на Македонија настанало невреме во Дојран, Берово и околните места кое било проследено со обилни врнежи од дожд, грмотевици и појава на град кој, како што велат жителите, бил со големина на орев.

За многу краток период улиците се претвориле во реки од кои извирало големо количество на вода. Силниот ветер и градот оштетиле повеќе покриви од куќите, автомобилите,а урнати се и повеќе дрвја.