Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОбама: Трамп не го бива за американски претседател

Обама: Трамп не го бива за американски претседател

Барак Обама во последните месеци од својот мандат зазеде политички став и им порача на американските граѓани дека Доналд Трамп е најопасниот и досега најлош кандидат за претседател на САД кој може да донесе многу поделби и лошо да влијае на системот на власта. Обама побара Републиканците да ја откажат поддршката за Трамп и да ја прифатат Хилари Клинтон како најискусен и најсоодветен кандидат.

Трамп во свој стил го возврати ударот со повеќе навреди нарекувајќи го Обама пак, најлошиот претседател во историјата на САД повторувајќи ја мантрата на радикалното десно политички крило.

Пред две години Трамп тврдеше дека Обама најверојатно е муслиман и дека не е роден во САД барајќи да го покаже изводот од книгата на родените за што му вети 5 милиони долари во добротворни цели по негов избор. Обама го објави изводот на родени, но Трамп никогаш не ги уплати парите.