Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОбама: Трамп е за реалити шоу, нема никогаш да биде претседател

Обама: Трамп е за реалити шоу, нема никогаш да биде претседател

Барак Обама има уште една година од вториот мандат во Белата куќа и тоа му дава голема слобода во коментирање на политичката состојба во САД која е катастрофално поделена за најважните прашања. Во гостување во емисијата „60“ минути Обама го нарече милијардерот Доналд Трамп „реалити“ звезда и дека тој никогаш нема да биде претседател на САД. Обама смета дека Трамп ги проценил стереотипите на гласачите на Републиканската партија како што е ксенофобијата и омразата кон мигрантите и со неговите јавни настапи каде е многу гласен добива значителна подршка, но тоа не е став на целото американско општество.