Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОбама под голем притисок – ЦИА нема генерален инспектор

Обама под голем притисок – ЦИА нема генерален инспектор

Претседателот Обама е под силен притисок од државните институции бидејќи повеќе од шест месеци нема назначено генерален инспектор во ЦИА кој е задолжен за спроведување на стандардите и решава спорни предмети во кои се вклучени агенти или се донесени погрешни одлуки.

Позицијата на генерален инспектор е една од најважните за демократски надзор над државните институции и барање на одговорност во случаи на грешки и злоупотреби. Во ЦИА се уште не е спроведена истрага поврзана со колатералното убиство на американскиот заложник Ворен Вајнстајн извршено со напад преку беспилотно летало во Пакистан.

Сенаторот Дијана Фејнстајн од Демократската партија која е задолжена за Комитетот за разузнавање упати апели до Обама што побрзо да номинира генерален инспектор. Можеби токму тоа е причината за одложување на истрагата која ќе даде одговори на кој начин американскиот државјанин бил убиен од дрон.