Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО го сомничи Тодоров за злоупотреба на службена положба

СЈО го сомничи Тодоров за злоупотреба на службена положба

Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров под истрага на СЈО, за сомненине дека во 2012 година при набавка на ренген апарати во четири установи, сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластувања“.

„Постои основано сомнение дека фаворизирал една од фирмите и пред официјалниот почеток на постапката дозволил да добие детални информации за набавката. Детално била скенирана состојбата во здравствените установи и изготвиле студија за набавка, која ја добил и тој на личната електронска пошта во август 2015 година“, рече Фетаи.

„Рамковната спогодба била подоцна раскината откако во јавноста излезе информациија дека новинарка и мајка и го добиле тенедерот. Но наместо да ја поништи набавката, осомничениот продолжил со злоупотреба на положбата, спротивно на одредбите за јавни набавки и склучил договор со второрангираниот со што за него прибавил имотна корист од 860 илјади евра“, додаде обвинителката Фатиме Фетаи.