Wednesday, May 8, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарНовосадско позориште вечерва на ,,Oхридско лето"

Новосадско позориште вечерва на ,,Oхридско лето"

Новосадско позориште со претставата „Неопланта“ од Ласло Вегел во режија на Андраш Урбан вечерва ќе го означи почетокот на драмскиот дел од 55 јубелејно ,,Охридско лето”.

Според Вегел и Урбан, претставата е перманентна историја на нaционалните конфликти во кои поединци паѓаат и се вознесуваат, бараат вистина и се лажат, живеат и умираат, убиваат и се убиени, како незапирливи членови, родови и видови меѓу кои стои амбис.

Режисерот на претставата,Араш Урбан, е добитник на многу награди и признанија за најдобра режија и сценографија, меѓу кои се специјалните награди во Будимпешта во 2010 и во Скопје во 2011 година.

Годинешното издание на фестивалот ,,Охридско лето” спектакуларно беше отворено синоќа  со  мултимедијалниот спектакл ,,Кармина Бурана”, спектакуларното отварање само го покажа високото ниво со кое ќе котира овој фестивал, следат уште 39 фестивалски денови кои ќе останат на висина на задачата