Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатар„Буре барут“ култна претстава по повод седумдесет години постоење на Драмскиот театар во Скопје

„Буре барут“ култна претстава по повод седумдесет години постоење на Драмскиот театар во Скопје

Драмскиот театар во Скопје в четврток ќе го прослави својот седумдесети роденден. Во рамките на програмата ќе биде изведена претсавата „Буре барут“ во режија на Сашо Миленковски и по текст на Дејан Дуковски. Претставата намененета за оние кои се пред „пукање“ како што вели режисерот. Приказната е за болките на современиот човек поврзани со неговиот идентитет. Во претставата настапуваат 4 генерации актери. Тие денеска на пробата за медиумите, му го честитаа 65 роденден на колегата Ванчо Петрушевски.