Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНишто од сестринско финале на Вимблдон, Кербер ги расипа плановите

Ништо од сестринско финале на Вимблдон, Кербер ги расипа плановите

Најдобрата германска тенисерка, Анџелик Кербер ќе биде ривалката на Серена Вилијамс во финалниот дуел од овогодишното издание на Вимблдон, откако во два сета ја совлада нејзината сестра Венус Вилијамс.

По триумфот на Серена во првото полуфинале, многумина очекуваа сестринско финале в сабота, но Кербер со одлична игра јасно стави до знаење дека нема да дозволи такво нешто.

Финалниот натпревар меѓу Кербер и Вилијамс е закажан за в сабота од 15.00 часот. На овој дуел најдобрата светска тенисерка ќе има шанса да ѝ се реваншира на Германката за поразот во финалето во првиот Грен слам сезонава, Австралија Опен.