Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНема решение за деценискиот проблем на учениците од тетовската гимназија

Нема решение за деценискиот проблем на учениците од тетовската гимназија

Стари проблеми на почетотокот од учебната година за учениците од гимназијата Кирил Пејчиновиќ од Тетово, кои следат настава на македонски јазик. Тие на 1 септември ќе треба да ја започнат наставата во две оделни згради, под секое ниво за воспитно-образовен процес – пишува Мета. Се работи за објекти на Работничкиот универзитет и на основното училиште Гоце Делчев во Тетово.

– Во објектите каде учениците и оваа година ќе започнат да следат настава има несоодветни услови. Мали се училниците, тоалетите се во лоша состојба, инвентарот е во распаѓање, нема ниту компјутери ниту услови за физичко образование – изјави Томислав Стојановски преставник од Советот на родители при тетовската гимназија.

Тој додаде дека надлежните неколку пати ветиле дека ќе се изнајде решение за просторниот проблем, но од ветеното ништо не е реализирано. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, изјави дека општината се ангажира околу надминување на проблемот со тетовските гимназијалци.

– Имаме изработено проект за изградба на нов објект за тетовските гимназијалци, веднаш до постоечката гимнаизја. Но знаете за овој капитален проект, пари треба да одвои Министерството за образование – изјави Арифи

Од Министерството за образование, одбиваат да дадат одговор дали ќе се одвојат средства за планираниот објект, наменет за тетовската гимназија.

Учениците Македонци од тетовската гимназија, повеќе од една деценија се соочуваат со просторен проблем. До крајот на минатата година учеа во старите медицински бараки, кои беа целосно руинирани. Поради ваквите услови наставата во овие објекти се бојкотираше, по што од надлежните беше ветено, дека се до целосно решавање на проблемот, учениците ќе учат привремено во Работничкиот универизтет и основното училиште Гоце Делчев во Тетово.