Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТриесетдневен притвот за „бомбашот“ од Собранието

Триесетдневен притвот за „бомбашот“ од Собранието

Осомничениот за поставување на експлозивна направа во просториите на Собранието, за време на насилствата минатиот месец, доби 30 дневен притвор – соопшти Основното јавното обвинителство.

„Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител до судија на предходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави барање за определување на мерката притвор за осомничениот. Предлогот на обвинитлството беше прифатен од судот кој со Решение на осомниченото лице му определи притвор во времетраење од триесет дена“ – се вели во соопштението на ОЈО.

Пре​ходно СВР Скопје го идентификуваше осомничениот како Ј.Л. (41) од Скопје и во соопштението објасни како и каде била поставена рачно направената бомба.