Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДиректорот на прилепската гимназија неказнето за агитирањето

Директорот на прилепската гимназија неказнето за агитирањето

Државниот просветен инспекторат нема да го казни директорот на прилепската гимназија, Кире Николовски, кој во видео снимено од ученици ги повикуваше средношколците да излезат на протести против Платформата на Албанците.

„Врз основа на контролата спроведена од Инспекторатот во С.У „Мирче Ацев“ во Прилеп не се исполнети условите од членот 109 став 1, алинеја 1 и став 2 од Законот за средно образование за постоење на прекршок и изрекување санкција“ – соопштија од Државниот просветен инспекторат.

Тој им објаснуваше на учениците зошто е штетна платформата и зошто учениците треба да протестираат.

Против директорот кривична пријава поднесоа еден родител и СДСМ