Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНБРМ повеќе не стравува од голем одлив на капитал во Грција

НБРМ повеќе не стравува од голем одлив на капитал во Грција

Народната банка на Република Македонија повеќе нема да ги применува заштитните мерки поради должничката криза во Грција кои беа воведени летоска поради страв дека може да дојде до големо одлевање на капитал и нарушување на рамнотежата на билансот на плаќања во земјава, но сега е проценето дека таа опасност е надмината.

nbrm

„Заштитните мерки ја постигнаа целта заради која беа воведени, односно оневозможија поголеми капитални одливи од Република Македонија, не нарушувајќи го притоа деловното работење на домашните компании со грчки субјекти. Рамнотежата во билансот на плаќања и стабилноста на домашниот банкарски систем беа одржани, соопшти НБРМ.

Бидејќи заштитните мерки беа од привремен карактер, а состојбата со финансискиот сектор во Грција се подобрува и има зголемена доверба кај кредиторите тогаш и сега нема причини за нивни продолжување, потенцираат од НБРМ.