Friday, Apr 26, 2024
HomeИздвојувамеНаучниците имаат идеја каде да ги бараат вонземјаните

Научниците имаат идеја каде да ги бараат вонземјаните

Научниците од Институтот за астрофизика од Смитсонијан имаат нова теорија за тоа каде и како треба да ги бараме вонземнските цивилизации. Според нив досега само напразно следиме фрекфенции и сигнали од вселената, наместо да се насочиме кон густите ѕвездени системи кои се наоѓаат на работ на нашата галаксија.

Досега науката сметаше дека во овие системи иако има огромен број на ѕвезди нема стабилни планети, поради самиот состав на елементите, но новата теорија вели дека тоа не е точно.

Претпоставките се дека тука има огромен број на планети кои поради густината се наоѓаат многу блиску едни до други и тамошните цивилизации многу полесно можат да комуницираат меѓу себе. Исто така тие се многу стари, најмалку 10 милијарди години или речиси двојно повеќе од планетата Земја, па би имале доволно време да се развијата.

Сепак, одалеченоста е главниот проблем, па дури и да им испратиме одредени сигнали тие би стигнале до нив за дури 7000 години, па затоа потребен е нов метод на интергалактичка комуникација, најверојатно со користење на светлината ослободена од експлозијата на ѕвездите при феноменот на Супернова.