Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОвие апликации не може ниту ЦИА да ги пробие

Овие апликации не може ниту ЦИА да ги пробие

WikiLeaks неодамна објави дека ЦИА може да не шпионира преку телефон, компјутер, смарт телевизор, камера и слично. Колку се безбедни апликациите што секој ден ги користиме?

Се наведува дека ЦИА може да ги шпионира IM (Instant Messaging) апликациите: Signal, Telegram, WhatsApp, Confide и други, но тоа е само делумно точно и возможно само во посебни услови, зависно од инсталацијата на алатките на вашиот телефон. Благодарение на „End to End“ енкрипцијата, ЦИА не може да ги чита вашите пораки или да ги пресретне на патот од уред до уред. Меѓутоа, ако на било каков начин успее да се внесе malware од еден телефон на корисник до другиот корисник, тогаш ќе може да се реализира шпионажата.

„Не постои доказ дека било кој безбедносен протокол на апликацијата Signal или било кој ден на системот е пробиен од ЦИА преку шпионажа“, објавува компанијата Open Whisper Systems, која стои зад “End to End” заштитата на апликациите Signal и WhatsApp.

Значи, ако немате malware на телефонот, кој би ги прочитал пораките од самата апликација додека се во процес на испраќање, тогаш сте целосно безбедни со WhatsApp и Signal.

Извор: telefoni.mk